Се отвори новиот објект на стационарот за кучиња, ЈП „Лајка“ (ВИДЕО)

Со отворањето на новиот објект на стационарот за кучиња и спроведувањето на новата програма, ЈП „Лајка“ ќе биде првата алка во синџирот за хумано решавање на проблемот со кучињата скитници, како и намалување на нивниот број на скопските улици.

Новиот концепт за третман на кучињата скитници не значи само ново ЈП и нов објект, туку воспоставување на систем на контрола на нивната популација која ќе подразбира вклучување на повеќе општествени чинители. Популацијата на бездомни улични кучиња не може успешно да се контролира само со нивно заловување и сместување во стационар додека не им се најде нов дом. Новиот концепт ќе подразбира чипирање и на овие кучиња, но и систем на контрола на чипирањето на домашните миленици и зголемување на бројот на санкциите за неодговорните сопственици заради кои најчесто овие животни завршуваат на улица.

 Шилегов се заблагодари на директорот на  Агенцијата за храна и ветеринарство и ги охрабри градоначалниците од другите општини во државата, а пред се на другите општини во скопската котлина, да бараат решенија и сите да пристапат кон решавање на овој проблем преку еден повисок степен на посветеност и сериозност. Мое лично убедување е дека е време човекот да му врати на неговиот најдобар пријател - изјави Шилегов.

На отворањето на новиот стационар и јавното претпријатие за благосостојба на кучињата скитници „Лајка“ беа присутни директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорката на ЈП „Лајка“, Тина Петрушевска, како и неколку скопски градоначалници.

 

.be

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.