СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Скопјани пијат безбедна вода, казни за непрописно паркирање, нови прозорци во Мајски цвет

ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Според извештајот од секторот, во периодот од 29.06.2020 до 03.07.2020 земени се 899 примероци за физичко-хемиска и 899 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 56 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од претпријатието.

 

САНКЦИОНИРАНИ 158 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ВО ЦЕНТАР

 

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 158 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од претпријатието.

 

Во периодот од 29.06. до 05.07.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 76 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 82 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

 

СО НОВИ ПРОЗОРЦИ ЗА „МАЈСКИ ЦВЕТ“- ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

 

Завршени се работите околу целосна замена на прозорците на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. На овој начин се подобри енергетската ефикасност на објектот, а со тоа се намалуваат и трошоците за потрошувачка на електрична енергија, информираат од општината.

Во градинката „Мајски цвет“ веќе извесен период се работи и на други реконструкции, имајќи предвид дека овој објект долги години беше во руинирана состојба.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.