СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Осветлен патот до „Три круши“, затекнати возила на јавни површини, прва он лајн седница во Карпош

Патот кој води кон познатото излетничко место „Три круши“, лоцирано во селото Драчево е целосно осветлен, со поставување на 23 нови столба, информираат од Општина Кисела Вода.

 

Неодамна, Општината во должина од 660 метри го асфалтираше патот, а на два краци кои водат до куќите на жителите, во должина од 220 метри постави павер елементи.

 

Со ова, на граѓаните им е овозможено лесно и безбедно да стигаат до своите домови, до црквата Св. Петка, а и до нивната омилена локација за пикник.

 

ОТСТРАНЕТИ 157 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА ОД ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ

 

Во текот на изминатата недела (18.0- 25.06.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 157 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 20 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 137 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

 

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 192 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 20 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

 

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

 

ПРВА ОН ЛАЈН СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

 

За прв пат, Советот на Општина Карпош одржа он лајн седница, преку интернет платформата „ Zoom“. Тековно, советниците на четириесеттата седница на Советот на локалната самоуправа, дискутираа по вкупно осум точки на дневниот ред. Советниците прифатија донација движни ствари –Даикин пумпи (систем за греење) на трајно користење без надмост во вредност од 3.700.000 денари од страна на Владата и истите ќе бидат инсталирани во градинката „ Пролет“ во Влае 1. 

 

Членовите на советот ја изгласаа и одлуката за прифаќање на движни ствари – столарија ( прозорци и врати) на трајно користење без надомест, доделени исто така од Владата, во вредност од околу 2.100.000 денари , и ќе бидат употребени во градинката „ Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 .

 

На оваа седница се донесе и Одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на Општина Карпош, преку буџетски ставки со кои ќе се подобри функционирањето на основните училишта и градинките кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, информираат од Општина Карпош.

 

 

 

 

 

 

 

 



 







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.