СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Паркинг-казни во Центар, стари печки за нови инвертери, поскапуваат горивата

Во периодот од 8 до 14 јуни, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранети се 89 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство блокатор санкционирани се 80 возила кои биле затекнати во резидентни зони.

 

Од општината апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите, да се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 

СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ЌЕ ДОБИЈАТ СКОПЈАНИ КОИ ЌЕ ГИ ПРЕДАДАТ СТАРИТЕ ПЕЧКИ

Град Скопје ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертер клима уреди.

Граѓаните за да добијат субвенции ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут.

Средствата што се субвенционираат се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.

Со јавниот повик се опфаќаат сите високоефикасни инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари годинава, а истиот ќе трае заклучно со 30 ноември.

 

ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за еден денар и за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денар на 59,5 денари за литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар за литар на 61,5 денари, 51 денар и 40 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,273 денари и ќе изнесува 24,886 денари за килограм.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.