СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Нови скверови, завршија субвенциите за тротинети, постапка за Вардариште пред Народен правобранител

Новите скверови ќе бидат со модерен дизајн, а истите ќе бидат исполнети со многу зеленило и модерна урбана опрема. Со нив ќе се ревитализираат старите и запуштени јавни површини

 

Скверовите ќе се градат на по една локациија во Карпош,во Центар, и на две локации во Аеродром.

 ИЗДАДЕНИ 593 РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА, 975 ПРЕКРШОЦИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКИ

Во текот на изминатото деноноќие на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОТВОРА ПОСТАПКА ПОРАДИ ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВАРДАРИШТЕ

Народниот правобранител отвори постапка против Комунална хигиена и Градот Скопје за директно загадување на животна средина и индиректно труење на граѓаните.

Народниот правобранител одлучи да покрене постапка против таквото дивеење на градските институции со кои се нарушува здравјето на граѓаните. Вардариште е дива депонија која се полни од страна на јавното комунално претпријатие и преставува еколошка бомба“, велат од советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје, кои ја иницираа постапката.

ФИЛМОТ ВРБА НА ФЕСТИВАЛ ВО ПЕКИНГ

По фестивалското затишје поради коронавирусот, филмот на Манчевски го продолжува походот по светските фестивали

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на 10. Филмски фестивал во Пекинг, каде ќе присуствува и режисерот.

Врба“ беше поканет и на низа други фестивали, меѓу кои и Хамбург, Софија и Шангај, но поради светската пандемија тие беа откажани или одложени,.

ЗАВРШЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ, ОСТАНАТИ УШТЕ 50-НА ЗА ВЕЛЕСИПЕД

Откако е исполнета предвидената квота за електрични тротинети, барањата од граѓаните за субвенции за купен тротинет повеќе нема да се примаат, информираат од Град Скопје.

Аплицирањето за субвенции за велосипед се уште е во тек, а според планираните средства останати се уште 50-на субвенции за купен велосипед.

Средствата што градот ги субвенционира се во износ од 50 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.