Хуманитарен фестивал за деца - билетот се плаќа со прибор за училиште

Денеска во 12 часот во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи 7. хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ организиран од „Македонски вознес“ со Виолета Ачкоска и Виолета Сековска.

 

Ова е еден прекрасен хуманитарен фестивал чиј билет се плаќа со прибор за училиште. Истите ќе бидат за учениците од училиштата ПОУ „Д-р Златан Сремец“ - Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“. Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од цела Македонија кои ќе бидат таму со своите родители и ментори.

 

Организаторите порачуваат до сите што ќе дојдат на фестивалот дека не само што ќе си поминат убаво, туку и ќе помогнат во нивната цел за инклузија на децата со попреченост во развојот во нивните општествени активности, како стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.