Рокот за тендерот за отстранување на линданот од ОХИС е продолжен до 16 декември

На барање на понудувачите, меѓународниот тендер објавен на 15 минатиот месец за избор на технологија за отстранување на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС во Скопје, кој требаше да биде затворен на 11 овој месец, е продолжен до 16 декември годинава.

 

 

„На барање на потенцијалните понудувачи, Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО) го продолжи рокот за доставување на понуди до 16 декември имајќи предвид дека во рамките на првобитно назначениот период од 25 дена потенцијалните понудувачи не беа во можност да одговорат на барањата од проектната задача, како во поглед на презентирање на техничките специфики на предложената технологија за ремедијација, така и во поглед на изработка и доставување на соодветните планови поврзани со безбедното работење, митигација и справување со ризиците во текот на ремедијацијата, како и мониторингот на медиумите на животната средина“, информираат Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (ПОПс) при Министерството за животна средина и просотрно планирање.

 

Во соопштението се додава дека по пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на УНИДО, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за започнување со работа на терен со обезбедување потребна документација и на просторот и превентивни мерки за заштита на околината и со конечно започнување со чистењето.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.