Градскиот дувачки оркестар денеска ќе одржи променаден концерт

Денеска10.10.2019 година, (четврток) по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.

 

 

На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:

 

- Младинска чекорница

- Вардаре македонски

- Патриотска чекорница

- Народе македонски

- Работнички марш

- Ваташа

- Огномет на слободата

 

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичариДосега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.