Околу 1.000 матуранти од Скопје традиционално одиграа квадрил на плоштадот „Македонија"

 

На плоштадот „Македонија" околу 1.000 матуранти учествуваа на традиционалната манифестација „Матурска парада 2019", каде го одиграа квадрилот.

 

Освен во Скопје, парадата на матуранти се одржа и во Охрид, Струга, Гевгелија, Струмица и Валандово.

 

Организаторот на настанот Никола Глигоров од Дирекција за култура и уметност посочи дека е задоволен од овогодинешната организација. Интересот кај матурантите од година во година расте. Веќе стана препознатлива манифестација и се спроведува во околу 60-70 градови од Југоисточна Европа.

 

Манифестацијата „Матурска парада 2019" е поддржана од Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на ЕУ во Скопје. Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во државава првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.