Викендов во Скопје ќе се прска против комарци

Во сабота и недела ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на град Скопје. Оваа е прво прскање годинава, против возрасни форми на комарци, соопштуваат од град Скопје.

 

„Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден“, пишува во соопштението на градските власти.

 

Град Скопје ги предупредува пчеларите да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите во периодот на дезинсекција, односно за време на авионското прскање против комарци.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.