Планинска тура в недела на Скопска Црна Гора

Сите луѓе да излезат надвор од затворените простории и на една кратка и лесна тура да се дружат и да дишат чист воздух, повикуваат од иницијативата #ИзлезиИДиши.

 

Како што информираат од таму, турата е погодна и за помалку активните скопјани кои се качуваат на Водно и за сите оние кои сакаат да се приклучат а притоа имаат искачено некоја планина, велат од иницијативата.

 

Почетна точка на турата е с. Побожје, 570 мнв, по што е предвидено и  искачување до врвот Пржар, 1625 мнв. За оние кои што сакаат да дојдат на турата, потребна  е психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли и гамашни и зимска топла облека која штити од дожд и ветер.

 

Од иницијативата додаваат дека за оваа тура нема организиран превоз, но до почетната точка во с.Побожје може да се стигне со сопствено возило или со приградски автобус број 61, кој тргнува во 06:45 од автобуската станица за приградски линии на Железничка.

 

Автобус за назад, кој исто така тргнува од с. Побожје, има во 14:45 и во 16:30 часот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.