Нова сообраќајница и тунели за растеретување на метежот во Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 09 Ноември 2018
Градот Скопје ја започна постапката за реализацијата на проектот „Тунели под Кале“ кој вклучува изградбата на новата сообраќајница која ќе ги поврзе општините Центар и Чаир преку продолжување на булеварот „Св. Климент Охридски“, со мост и вијадукт над реката Вардар и тунел под Скопското Кале, кон Пластичарската улица.
Распишан е тендерот за изработка на основниот проект и на измените и дополнувањата на проектот за инфраструктура на идната скопска сообраќајница.
Со новото сообраќајно решение на Град Скопје се предвидува од северниот до јужниот дел на главниот град, да се стигнува за 10 минути и ќе се намали сообраќајниот метеж на мостот Гоце Делчев каде дневно поминуваат до 90 000 возила.
Целта на Град Скопје е со овој проект е да се поврзе булеварот Свети Климент Охридски со Пластичарска улица во Чаир. Булеварот ќе биде издигнат во висина од шест до девет метри. Потоа, од зградата на Владата на РМ сообраќајот ќе се одвива по нов мост преку реката Вардар кој ќе биде долг 173 метри, а широк 20 метри и ќе има четири сообраќајни ленти. Мостот ќе продолжува како вијадукт долг 262 метри се до влезот во тунелот под Калето.
Со реализацијата на овој проект, Скопје за првпат ќе добие тунел долг 250 метри, а широк 20 метри. Од тунелот сообраќајот ќе продолжи на кружен тек издигнат пет метри, над Пластичарска улица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс