Со голема забава на 29-ти септември ќе бидат пречекани слониците во скопската Зоолошка

Во сабота на 29-ти септември, двете слоници од Белгија, Дуња и Даела доаѓаат во скопкската Зоолошка градина. Тие ќе бидат пречекани од над 10.000 луѓе и ќе биде отворено нивното царство Африка.

 

Двете слоници ќе живеат во простор од околу 600 метри квадратни, ќе имаат свој базен, песок во живеалиштето, топки за да се занимаваат. Зиме ќе се греат на пелети, обезбедена е доволна светлина на просторот и влажност на воздухот. Има и платформа од која посетителите ќе го гледаат слонот. Има можност и за одвојување на слоновите, направени се две одвоени парцели во случај ако во иднина се донесат уште слонови кои треба да бидат одвоени. Оградата е заштитена со ниска струја.

 

Минимум стандарди за еден слон предвидуваат 10 на 10 метри соба каде што ќе живее, а заедничкиот простор каде што слонот треба да престојува преку ден минимум треба да биде околу 500 метри квадратни. Живеалиштето на слоновите чини 400.000 евра, а парите се донација од Владата и Град Скопје.

 

Една од слониците е 48 години, додека другата е 30. Слоновите живеат од 60 до 70 години кога се смета дека се влезени во старосна доба.

 

На забавата присутните ќе ги забавуваат Златните славејчиња и детската атракција 5+ бенд, а за најмалите поготвени се и подароци.

 

Прва слоница жителка на Скопје Зоо, била слоницата Цица која во Скопје живеела од 1963- 1970 год.  Втората слоница која живеела во скопската Зоолошка е Анка, која починала во длабока старост во 1992 година. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.