Булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,, за 18 месеци треба да се изгради до скопската обиколница

Булеварот Христијан Тодоровски Карпош ќе продолжи да се гради до скопската обиколница. Договорот за изградба во висина од над 125 милиони денари е потпишан со фирмата Пелагоднија АД Гостивар која треба за 18 месеци да го изгради булеварот до обиколнивцата. Од Град Скопје инфомрираат дека во моментов се работи на финиширање на одредени позиции и поврзување, како и на вршење на приеми и добивање на дозволи и одобренија од соодветните надлежни институции за пуштање на првата фаза поради која се создава метеж кај кружниот тек во Бутел.

 

Револтот кај граѓаните кои секојдневно гравитираат кон Општина Бутел се уште трае поради метежот во сообраќајот кој се прави кај кружниот тек во Бутел како единствено поврзување на општината со центарот на градот, заради градежните работи на булеварот Христијан Тодоровски Карпош кој треба да се спои со скопската обиколница.

 

Оваа траса се гради уште од декември 2015 година, но неколку пати е прекинувана, последен пат беше прекината поради тоа што во тој дел не можело да се изведуваат градежни инсталации, затоа што постоело можност да се доведе во сериозна опасност водоснабдувањето на граѓаните на тој дел од градот. Овој проблем со водоводот се реши и во моментов привршува изградбата на почетната фаза од оваа сообраќајница, на потегот од крстосницата со булеварот ,,Босна и Херцеговина,, до улицата ,,Натанаил Кучевишки,,.

 


Од Град Скопје за 1-ва скопска велат дека реализацијата на овој капитален проект е во завршна фаза и се очекува негово комплетирање во наредниов период. Најголемиот дел од градежните работи се завршени и во моментов се работи на финиширање на одредени позиции и поврзување, како и на вршење на приеми и добивање на дозволи и одобренија од соодветните надлежни институции.

 


Како надополнување на првата фаза од проектот за пробивање на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,,, од Град Скопје информираат дека деновиве беше потпишан договор за втората фаза од овој проект, поточно за поврзување на булеварот од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки,, до обиколницата.

 


На втората фаза ќе работи фирмата ,,Пелагонија,, АД Гостивар, а договорот е во висина од 125.460.081 денар. Со ова се предвидува продолжување на булеварот до обиколницата со шест коловозни ленти, велосипедски и пешачки патеки. Рокот за реализација на втората фаза е 18 месеци, по што булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,, ќе може да се користи на целата траса од населбата Бутел 2 кон скопската обиколница.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.