Арсовска до Стојкоски: Дали ги праша жителите на Ѓорче Петров дали сакаат хемиски фабрики и над 30 висококатници?

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го обвини градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, дека молчи за дивоградби и висококатници кои одобрил да се градат на булевар на небезбедна одалеченост. Таа го повика Стојкоски да организира референдум за ѓорчепетровци да кажат дали сакаат своите деца и домови да им се наоѓаат меѓу хемиски фабрики.

 

„Стојкоски, освен твоите другарчиња од штаб, сите останати знаат да читаат, тоа ти е сега најголемиот проблем.
Дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ! И покрај тоа што како град Скопје дадовме негативно мислење за овој ДУП, ти упорно сакаш да убедиш некој дека хемиски фабрики е супер да се градат во Ѓорче, а ги молчиш дивоградбите таму и висококатниците кои си дал амин да се градат на булевар на небезбедна одалеченост. Никому јас не стварам никаква несигурност, освен на тебе и твоите пајташи!
Ајде сега читај и гледај фото:

 

1: Како изгледаше ДУПот во Ѓорче Петров 2: Како изгледа ДУПот што си го изгласал за кој имаш негативно мислење од Град Скопје
3: Како изгледа сега таа локација сред Ѓорче
4: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 1
5: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 2
6: Во твојот ДУП објект Хемиска фабрика 3
7: Стојкоски кога лаже 1
8: Стојкоски кога лаже 2
Целиот ДУП е достапен на твојата веб страна за ова да си го видат граѓаните: https://opstinagpetrov.gov.mk/wp-content/uploads/urbanizam/vazecki_urbanisticki_planovi/dup_gradska_cetvrt_sz_16_17_02_2024/sintezen_sz_16_gp.pdf

 

Бидејќи многу сакате референдуми Стојкоски, направи сега еден да ти кажат ѓорчепетровци лично дали сакаат своите деца и домови да им се наоѓаат меѓу хемиски фабрики!“, напиша Арсовска на „Фејсбук“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.