
Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 29 Мај 2025

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии.
„Ние сме во 21 век, а се давиме во отпадоци. Чаир е дом за над 60 илјади граѓани кои заслужуваат основни услови за живот“, истакна тој.
Ганиу ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ и итно да го ангажира ЈП „Комунална хигиена“. Тој ги критикуваше и политичките партнери од Сарај за водење на политичка кампања на грбот на граѓаните.
Во своето обраќање ги спомена и неисполнетите ветувања од страна на Градот, вклучително и паркот, булеварите, бесплатниот јавен превоз и инвестициите во Старата скопска чаршија.
„Чаир нема долгови кон Градот. Имаме подготвен план за чистење и дезинфекција, доволно е Градот да не блокира“, заклучи Ганиу, потенцирајќи дека општината останува отворена за институционална соработка и конкретни активности.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
