Арсовска во лов на дивоградби: Во Чаир затекнавме работници платени да скријат дупка, оштетени сe булевар, водовод и кабли за струја

Градоначалничката Данела Арсовка им порача на Владата и на МВР да не филозофираат многу и да се фатат за работа со дивоградбите кои никнуваат, да ги научат надлежностите на Град Скопје и да ислушаат внимателно изјавите на затекнатите работници, бидејќи повторно на терен има проблеми со непостапување на МВР.

Во Чаир продолжуваат нелегалните и криминални активности на “принцезата на дивограбите” и неговиот ментор, повторно во обид да ги прикријат трагите од тој криминал спроведен со спротивно на закон и диво градени објекти на државно земјиште, објави синоќа Арсовска.

„На лице место денес затекнавме работници кои биле непосредно ангажирани од сторителите на кривичното дело бесправна градба и узурпација на државно земјиште, им платиле во кеш и ги упатиле на лице место да ја скријат дупката со која го оштетија булеварот и подземните инсталации на водовод, канализација и високонапонските кабли за струја. Ова е со цел да ја избегнат одговорноста за нивните криминали“, соопши Градот.

До овој момент ги презеле, како што велат, сите расположливи мерки, изречени се казни, а случајот е пријавен кај надлежните институции да почнат да постапуваат.

Се бара од општина Чаир и Државниот градежен инспекторат веднаш да ги срушат дивоизградените објекти и да ја санираат штетата.

Министерството за внатрешни работи врз досега очигледните докази, да ги утврди сторителите на кривични дела и да поднесе кривични пријави.

Арсовска минатата недела се вклучи во живо од инспекција на нелегален објект во општина Чаир. Таа рече дека објектот се гради без никакви документи, без проект и без одобрение за градба. Ги повика МВР и ЦУК да излезат на терен и да реагираат. Според Арсовска, станува збор за дивоградба од неколку илјади квадратни метри на државно земјиште, а како што рече, изградбата ја дозволил градоначалникот Висар Ганиу. Како што покажува на видеото, објектот се гради на еден метар до станбена зграда, односно пред прозорците на станарите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.