Настана колапс на покривната конструкција, оштетени се ролетните на околните објекти поради високата температура, рече командирот на скопската пожарна

Настана колапс на покривната конструкција и се работи на догаснување, има висока температура сè уште во објектот на Универзалната сала и не може да се пристапи до сите места, истакна командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески.

Тој рече дека поради густиот чад и високата температура, забележани се оштетувања на ролетните на соседните објекти.

Томески вели дека пожарот за кусо време бил ставен под контрола иако имало висока температура во самиот објект, а интервенирале 9 противпожарни возила и 24 пожарникари.

Томески потврди дека нема повредени, а во моментот на избувнувањето немало градежни работници. Како што рече, материјалната штета е евидентна, но не може веднаш да биде констатирана.

Интервенцијата на пожарникарите ја оцени како успешна од аспект на брзината и тоа што нема повредени пожарникари и граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.