Поради реконструкција, некои од учениците во „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе имаат онлајн-настава

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кои се однесуваат на реконструкција на подовите во ходниците на долниот кат, информираат од Општина Ѓорче Петров.

Според нив, следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби, поставување нова енергетски ефикасна фасада.

 

 

Информираат дека се работи и на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес во согласност со најсовремени стандарди во училиштата.

„Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, а децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат онлајн-настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со Општина Ѓорче Петров“, стои во писмениот допис.

Дополнуваат дека оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за неа е информирано и Министерството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.