Стојкоски: Населбата Даме Груев ќе добие пешачка зона наместо небезбедна улица без осветлување и тротоари

Километарска пешачка зона ќе биде направена на улицата „Шар планина“ во населбата Даме Груев, која сега е неосветлена и небезбедна, вети Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров.

Тој смета дека ова место ќе биде одлично за спорт и рекреација за сите жители на населбата, но и општината.

„Оваа улица покрај за сообраќај, локалното население често ја користи за слободните активности во попладневните часови. Овдека тие шетаат со своето семејство, со своите пријатели, дел од нив ги шетаат тука и своите домашни миленичиња. Но оваа улица во вечерните часови е многу небезбедна, бидејќи е неосветлена и на неа нема тротоари од двете страни. Во мојата изборна програма предвидувам изградба на пешачка зона, пропратена со бројни зони за спорт и рекреација, како и места на кои што граѓаните ќе можат да седнат и да поразговараат“, вели Стојкоски.

Повеќе инфраструктурни проекти се дел од програмата на Стојкоски, кој вети и отворање на нови сообраќајни артерии за да нема гужва низ Ѓорче Петров и околните населби.

Тој секојдневно преку објави информира дека е со граѓаните на терен, што како пракса, ќе го воведе и кога би ја презел функцијата градоначалник. Според него, програмата стигнала до сечиј дом, а за тековните активности информира и на социјалните мрежи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.