(Видео) Стоилковски: Како е можно транспортна фирма да биде единствена на тендер за машини за перење?

Фатени живи на дело, купуваат две машини за перење за 25.500 евра, цели 10.000 повеќе од пазарната вредност на двете машини, обвини днеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, по скандалот објавен од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски од редовите СДСМ, во паника порачал дека градинката која што всушност ја прави таа набавка и е потписник на договорот сега немала пари, а договорот ќе се раскинел.

„Како е можно за тендер вреден според Ѓорче Петров 25.500 евра за само две машини за перење да нема други заинтерсирани фирми. Во услови на рецесија, во услови на криза, нема заинтересирани фирми за набавка којашто според документите овозможува разлика во цена од цели 10.000 евра за набавка на две машини за перење?

 

 

Дотолку оваа набавка била неатрактивна затоа што за неа се појавила само една фирма, според зборовите на градоначалникот Наумовски, според Централниот регистар, но и според податоци во УЈП, фирма со основна дејност-транспорт. Фирма со седиште во Ѓорче Петров е единствена на тендер со целосна документација за набавка на две машини за перење во вредност од 25.500 евра.

Но, ова е и фирма којашто е добро позната и на Александар Наумоски, градоначалникот на Ѓорче Петров и на директорката на градинката 'Росица' која што го прави тендерот, го потпишува договорот. Само во април и во мај годинава имаат потпишано 4 договори, 4 тендери за два месеци вкупно тешки над 180.000 евра. Четири договори на фирмата Дон Холдинг од Ѓорче Петров, два со Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче Петров, два со градинката водена од директорка, кадар на Александар Наумовски од СДСМ.

 

 

Според Наумовски, истата фирма од Ѓорче Петров, може да поставува урбана опрема, може да одржува столарија, да врши браварски услуги, да лепи плочки и може да набавува електрична опрема, две машини за перење, две за 25.500 евра и да нема друга фирма заинтересирана за тој тендер.

Прашање на коешто Наумовски мора да одговори е дали зад овие тендери стои чист бизнис интерес и врски, партиска врска или можеби стојат и некои други семејни врски?

Не е ни чудо што Алексадар Наумовски пишува панични соопштенија по обелоденувањето на скандалот. Самиот факт што е спроведена тендерска постапка, со само една понуда со нереална висока цена, фактот што е потпишан договор, фактот, што сега по објавување на скандалот се најавува дека немало да се реализира набавката, фактот што сега наводно одеднаш по се градинката немала пари за набавка е случај за истражните органи.

Набавката, потпишаниот договор во Ѓорче Петров, реакцијата на Александар Наумовски, покажуваат само едно, дека СДСМ е најлошото што може да се случи во вашата и во секоја општина во Македонија“, порача на денешната прес-кондеренција Стоилковски 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.