Реконструирана кујната на градинката „Росица“, објект „Детелинка“

Општина Ѓорче Петров денеска соопшти дека во рекордно време е реконструирана кујната во градинката „Росица“, објект „Детелинка“.

 

Како што се посочува во информацијата од Општината, за десетина дена комплетно е реновирана четиридецениската кујна во објектот „Детлинка”.

 

– По вонредната дезинфекција, дезинсекција и дератизација таа е пуштена во употреба а клонот доби современа кујна, по сите нормативи и стандарди, се посочува во соопштението.

 

Инвестицијата чини околу 600.000 денари.

 

Општината соошти и дека истовремено, завршила и варосувањето на внатрешноста на објектот „Пампурче“ на градинката во населбата Даме Груев, по што ќе следи дезинфекција на целиот објект





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.