Во Општина Ѓорче Петров отворено информативно катче за информирање за креирање на буџетот

Општина Ѓорче Петров, заедно со невладина организација Фајненс Тинк, како дел од мрежата Фискат го започна проектот „ Мои пари, моја одговорност“, при што денеска беше поставен информативен корнер во општинската зграда.

 

На отворањето на информативното катче присуствуваа претставници на Oпштина Ѓорче Петров и претставници на мрежата ФИСКАСТ, кои со заинтересираните граѓани дискутираа за начините за нивно вклучување во креирањето на локалниот буџет.

 

Целта, како што посочи денеска Весна Глигорова од Центарот за управување со промени е граѓаните да се информираат како поактивно да се вклучат во партиципативното буџетирање, и да ги информира граѓаните за поврзаноста помеѓу трошењето на буџетските средства и квалитетот на живот во нивната општина.

 

Здружението на пензионери од општина Ѓорче Петров денеска искажа дел од барањата на повозрасната група на граѓани од оваа скопска општина. Барањата најмногу се однесуават на улично осветлување, хуманитарни акции, и изградба на нови детски градинки.

 

Крајниот производ од партиципативното буџетирање е надминување на јазот помеѓу општините и граѓаните и засегнатите страни во креирање на локалниот буџет.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.