Владата одлучи, новиот клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука новиот Клинички центар да се гради во Општина Ѓорче Петров, поточно на местото викано Веле Поле.

 

Станува збор за земјиште со површина од околу 80 хектари. Токму пространата парцела и добрата сообраќајна конекција во близина на самата обиколница ја прават оваа локација поволна за идното решение за државните клиники.

 

Првиот човек на општината, Александар Наумоски денеска на прес конференција го искажа задоволството од одлуката на Владата, при што нагласи дека локацијата ќе овозможи лесна сообраќајна достапност, брз проток на возила и транзит на пациенти. Придобивките од изградбата на Клинички ќе ги почувствуваат сите жители но од економски апскет најголем бенефите ќе има локалното население, рече Наумоски.

 

На оваа локација би можело да се направи и регионален центар со што на инвеститорите ќе им се даде можност да се градат хотели, спа центри заради термалните води до самиот локалитет, а не е исклучена и можноста за изградба на луксузен комплекс наменет за докторите специјализанти.

 

Поволната местоположба до обиколницата, каде што е предвидена и клучка, би нудела брза и едноставна конекција до соседните земји, а тоа би допринело и до развој на медицински туризам, додаде градоначалникот на општина Ѓорче Петров.

 

Локацијата се наоѓа во западниот дел на градот, близу Вардар и Лепенец, во еколошки чиста средина, а Клиничкиот центар се очекува да биде завршен за околу пет години.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.