Замена на оштетената урбана опрема во Ѓорче Петров

Во Општина Ѓорче Петров активно се работи на подобрување на безбедноста на жителите.

 

Деновиве екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работат на менување на оштетената урбана опрема од градските сообраќајници на територија на општина Ѓорче Петров.

 

На терен се отстрануваат оштетените заштитни столпчиња, жардиниери, бекатон плочки од патеките, сообраќајни знаци и рабници од тротоарите.

 

Според информациите од општината на терен ќе биде поставена нова урбана опрема или дел од оштетената опрема што ќе биде санирана.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.