Околу 500 деца од Ѓорче Петров на бесплатна екскурзија

Над 500 деца од одделенска настава од две основни училишта денеска беа испратени на еднодневна бесплатна ексурзија во местото Пеленица во близина на селото Драчево.

 

Како што информираат од општината, трошоците се покриени од страна на општина Ѓорче Петров. Во текот на оваа недела на екскурзија ќе заминат и децата од одделенска настава од останатите четири училишта.

 

На ваков начин, за околу 2.000 најмлади се овозможува разновидност во едукативниот образовен систем и можност за запознавање со убавините на помалку населениот дел од Скопје кој изобилува со природа.

 

Општината неодамна обезбеди и бесплатна ужинка – за децата во класична настава, а за децата во продолжен престој – бесплатен појадок. Станува збор за сите ученици од од прво одделение од шесте основни училишта од Ѓорче Петров.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.