Игор Џамбазов за отварањето на „Звуци на културата“ во Ѓорче Петров

 

Општина Ѓорче Петров денеска и официјално ја претстави програмата за претстојниот културен фестивал, Звуците на културата, кој за прв пат оваа година се организира на повеќе локации низ општината.

 

Фестивалот кој што е комбинација од традиционални, и модерни звуци, а во кој учество ќе земат голем број звучни имиња, како Миле Кузмановски, Игор Џамбазов, Тони Зен, Куку Леле, Бени Шакири, и други, се очекува да предизвика голем интерес кај граѓаните.

 

Градоначалникот сите жители, на Скопје и пошироко ги повика да присуствуваат на свеченото отварање во среда, на 19 септември, како и сите останати денови, се до 23 септември.

 

Денот на општината, кој традиционално се одбележува на 20 септември, оваа година ќе биде одбележан во рамки на фестивалот, со промоција на документарен филм, за формирањето и почетоците на општина Ѓорче Петров.

 

Покрај забавата, фестивалот ќе има и хуманитарен карактер. В сабота од 10 до 16 часот, во Домот на културата ќе биде организирана крводарителна акција, на која позитивен пример преку дарување крв ќе даде и првиот човек на општианта. Покрај крводарителата акција организаторите најавуваат и хуманитарна акција.

 

 

.be

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.