Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти

Општина Гази Баба распиша конкурс за доделување стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти од територијата на општина Гази Баба.

„Целта на стипендиите е финансиска поддршка на талентираните ученици и учениците спортисти од територија на општина Гази Баба.

Како градоначалник, изминатиот период имав можност да сретнам повеќе талентирани ученици и ученици спортисти, кои бележат многубројни успеси, што за мене беше показател дека Општината треба да преземе чекор за стипендирање на овие ученици.

Ги повикувам сите оние што ги исполнуваат условите да аплицираат“, напиша утрово на „Фејсбук“ градоначалникот Бобан Стефковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.