Ламбе ќе биде гостин на музички хепенинг на Општина Гази Баба

Вечерва со почеток во 19:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира музучки хепенинг под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”.

На музичкиот хепенинг ќе настапи група од детскиот фестивал „Поточиња“, а за дечињата е подготвено дружење со омилените ликови од цртаните филмови, како и кловнови и други детски аниматори.

Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на фејсбук најави дека естрадниот уметник Ламбе Алабаковски ќе биде гостин на музичкиот хепенинг.

Градоначалникот Стефковски ги поканува жителите на општина Гази Баба со своите дечиња да земат учество на хепенингот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.