Стефковски: Ќе субвенционираме електрични тротинети за жителите на Општина Гази Баба

Од вчера општина Гази Баба, со цел да ги стимулира жителите од својата општина за користење на електричен тротинет, на граѓаните кои ќе купат нов електричен тротинет во Република Македонија во период од објава на Јавниот повик, 3.5.2022 година сè до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на тротинетот.

Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Субвенции за електрични тротинети на територија на општина Гази Баба се воведени за прв пат.

Градоначалникот на општина Гази Баба на својот фејсбук профил ги повикува сите граѓани да аплицираат и да ја искористат можноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.