ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски

ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски и оштетување на буџетот на општина Гази Баба, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ За само 103 дена Борче Георгиевски од СДСМ како градоначалник на Гази Баба потрошил 11 милиони денари за поставување на нови линии за осветлување, и истовремено додека уште не завршил овој период доделил уште еден тендер од 1.7 милион евра за замена за актуелните светилки со лед, при што исплатил 20% аванс“ велат од партијата.

 

 

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Георгиевски потрошил 2 милиони евра пари на граѓаните на Гази Баба за нецела година за осветлување.

„ Ја повикуваме општината и градоначалникот Бобан Стефковски да ги ревидира постапките, а институциите да отворат постапка - Дали фактичката состојба на терен соодветствува со таа во надзорот, општината и пријавената од фирмата изведувач. Дали се работи за реални потреби и работи или било потребно само да се исплатат аванси пред избори“ прашуваат од опозициската партија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.