Прв приоритет во новиот мандат - нова училишна зграда за училиштето Крсте Мисирков во Ченто
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 28 Септември 2021
Заедно со министерството за образование и наука започнуваме со изградба нова училишна зграда за основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто. Ова е еден од клучните проекти во новиот мандат, изјави денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Проектот и урбанистичката документација се целосно подготвени, а обезбедени се и средства за реализација на овој проект преку буџетот за 2021 година на министерството за образование.
Веднаш по изборите почнува изградбата на овој проект. Поради постојната локација и поставеност на училиштето, проектот е поделен на неколку фази. Целосната изградба на училиштето се очекува да биде завршена за 2 години.
Со изградбата на новата училишна зграда, конечно учениците и наставниот кадар добиваат модерни услови за престој и одржување на наставата. Решаваме уште еден децениски проблем на граѓаните.
Во овие четири години учениците од основното училиште „Вера Јоциќ“ во Хиподром добија нова училишна зграда и нова спортска сала. Ги реконструиравме сите 11 основни училишта во општината. Со енергетски фасади, покриви и нови прозорци.
Успеавме да создадеме инклузивни училишта кој обезбедуваат еднаква настава за сите. Во тек е изградбата и на новата спортска сала во основното училиште Кирил и Методиј во Стајковци. Градиме и нова мала сала во подрачното училиште во Страчинци.
Следува изградба на спортска сала за основното училиште „Наум Охридски“ во Булачани, и подрачното училиште во Црешево. Подготвивме проект и започнуваме со изградба на нова зграда за училиштето 25-ти Мај, на местото од старото училиште, изјави Георгиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс