Отворена нова градинка во Стајковци

Премиерот, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска учествуваа на настанот по повод пуштањето во употреба на градинката „Пеперутка“ во Стајковци.

Со вкупно 6 занимални, градинката „Пеперутка“ има капацитет за околу 140 дечиња.

„Тоа е од огромна помош за родителите од населените места Стајковци, Црешево, Булачани, Смилковци, Виниче, Раштак, Страчинци и Брњарци. Сега родителите сега нема да имаат потреба дечињата да ги носат во најблиските градинки кои се со километри оддалечени од нивните домови“, рече Заев.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, информираше дека градинката е целосно изградена со средства на општината, во вредност од 30 милиони денари, а опремена е со поддршка на Владата и Министерството за труд и социјална политика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.