Учениците од ОУ „Вера Јоциќ" во Хиподром, на есен ќе учат во нов обејкт

 

Во населбата Хиподром во општина Гази Баба денеска беше пуштен во употреба нов објект на основното училиште „Вера Јоциќ", што ги заменува старите и дотраени бараки каде што учат околу 550 ученици.

 

Изграден е на површина од 2.125 квадратни метри, со приземје, кат, подрум, 12 училници, шест кабинети, просторија за наставници и библиотека.  Објектот е енергетски ефикасен и обезбедува современи услови за настава со капацитет за 600 ученици.

 

Инвестицијата за изградба на ОУ „Вера Јоциќ" е  околу 60 милиони денари, од кои 55 милиони се за објектот, а останатите средства се вложени во опремување со инвентар. Мионистерот за образование и наука Арбер Адеми најави и изградба на спортска сала во склоп на училиштето.



Во општина Гази Баба има 11 основни училишта во кои што изминатиов период беа заменети прозорците, санитарни јазли и покривите.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.