Општина Гази Баба и ДЗС започнаа акција за намалување на заканите од поплави

Општина Гази Баба заедно со Дирекцијата за заштита и спасување започна акција за намалување на заканите од поплави.

 

Целта е заеднички да се работи на едукација кај населението, а особено на младите, како да се спречат поплавите во ризичните области и кои се неопходните мерки кои треба да се превземат во состојба на поплави.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека изминатиов период биле преземени низа превентивни мерки за да не се повтори поплавата која во 2016 година однесе човечки жртви, и направи голема материјална штета во неколку населени места во општина Гази Баба.

 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски, информира дека во оваа кампања се вклучени училиштата и учениците преку кампања која ќе трае до април 2019 година.

 

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски повика и на соработка од страна на граѓаните, потенцирајќи дека е многу важно да не се фрла ѓубре во речните корита или канали, и да не се преградуваат водотеците за да се прават акумулации на вода во летниот период.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.