Решен проблемот со фекалната канализација на жителите од Нова Колонија

Откако 1-ва скопска се обрати до надлежните институции за рашавање на проблемот на жителите со фекалната канализација од населеното место Нова Колонија, проблемот е веќе минато.

 

Имено пред извесен период до редакцијата на 1-ва скопска револтирани жители пријавија дека подолго време имаат проблем со фекалната канализација, односно поради неодржувањето на пумпите, во дворовите на неколку куќи им извираа фекалии и се ширеше многу лоша миризба. Како што изјавија жителите тогаш, проблемот го имале околу една година, односно откако биле  поставени нови пумпи, но поради неодржување пумпите престанале да работат.

 

За рашавање на овој проблемот екипата на 1-ва скопска се обрати до директорот на ЈКП Гази Баба, Влатко Митовски, кој даде ветување дека иако не е под нивна надлежност проблемот ќе биде решен.

 

Деновиве во присуство на 1-ва скопска беше организирана акција за решавање на проблемот со фекалната канализација. Работниците од ЈКП Гази Баба и цистерна од ЈП Водовод и канализација ги исчистија ѓубрето што беше насобрано околу пумпите, а работниците од фирмата изведувач на пумпите ги поправија.

 

Како што не информираше директорот на ЈКП Гази Баба за да не се повторува ваквиот проблем во иднина, претпријатието ќе побара од Советот на Општина Гази Баба да им ја предаде надлежноста за одржувањето на пумпите, за да може редовно да се одржуваат и жителите да не се соочуваат со проблеми.

 

Инаку, жителите со кои разговаравме велат дека, населбата Нова Колонија во минатите години важена за една од најубавите и најсредените наслеби во Скопје.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.