За прв пат тротоар од Ергеле до Хиподром

Жителите на општина Гази Баба за прв пат добија тротоар на потегот од Ергеле до Хиподром во должина од 1.000 квадратни метри.

 

Какo што информираат од општината, овој пат подолго време претставувал опасност за граѓаните бидејќи воопшто не е безбеден за движење. Принудени беа да се движат по самата улица а тоа не е безбедно за самите граѓани.

 

Откако е изграден тротоарот граѓаните можат безбедно да се движат извршувајќи ги нивните обврски.

 

Како што велат од Гази Баба за реализација на градежните активности Општина Гази Баба од буџетот издвои 2 милиона денари.

 

Исто така, нов тротоар добија и жителите од населеното место Трубарево, кај училиштето Крум Тошев, кој е од огромно значење особено за безбедноста на учениците кои се движат кон училиштето.

 

Општина Гази Баба со реализација на овие проекти придонесува за поголема безбедност на сите жители, особено за безбедноста на децата.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.