,,Есенски крос" по повод роденденот на Гази Баба

Општина Гази Баба годинава го одбележува 42 роденден. По тој повод на стадионот Металург се одржа ,,Есенски крос” каде децата од градинката ,,Детска радост”  имаа спортски активности.

 

Како што истакна градоначалникот Борис Георгиевски на овој начин децата ги мотивираат за да бидат на отворено и да играат и да се забавуваат да бидат среќни, бидејќи само така можат здраво да се развиваат.

 

Директорката на градинката, Лилјана Крстевска истакна дека оваа манифестација градинката Детска Радост редовно ја одржува веќе 10 години наназад и секогаш се обидуваат да ги мотивираат децата да спортуваат.

 

Во рамките на одбележувањето на Денот на Општина Гази Баба во општината се одржа и традиционалната крводарителна акција. Оваа година скапоцена течност даруваше и градоначалникот Георгиевски, кој рече дека тој е редовен крводарител а сега дарува крв по 31 пат. Георгиевски додаде дека ова го прави секогаш кога има можност. На денешната крводатителна акција до пладневните часови имаше собрано околу 100 крвни единици, а градоначалникот Георгиевски упати апел до сите граѓани на Гази Баба да даруваат крв и да спасуваат животи.

 

Доктор Бојан Тодоровски од Институтот за трансфузиона медицина за 1-ва скопска изјави дека во Скопје редовно се одржуваат крводарителни акции, а жителите на Гази Баба се многу хумани бидејќи од акциите што ги организираат овде се собираат поголем број на крвни единици.

 

Со дарување на скапоцената течност можат да се спасат многу животи, па затоа дарувајте крв и спасете живот.

 

 

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.