Од денеска до четврток јавна презентација и анкета за УП за домување во Инџиково и Јурумлери

Архитектонско-урбанистички проект за дел од КП 497/2, КО Инџиково, со намена домување во станбени куќи Инџиково – општина Гази Баба ќе биде изложена во просториите на Урбана заедница ″Хиподром″, во рок од пет работни дена почнувајќи од денеска 18-ти октомври до 25-ти октомври, секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 часот. 

 

Јавната презентација на Архитектонско-урбанистички проект з ќе се одржи на 22-ри октомври со почеток во 10.00 часот во просториите на Урбаната заедница "Хиподром", oпштина Гази Баба-Скопје. 


Aнкетните листови за учество во Јавната анкета се наоѓаат во просториите на Урбаната заедница "Хиподром", а во определениот рок заинтересираните лица можат да достават забелешки и предлози по предлогот на планот, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Во истиот период јавна презентација и јавна анкета ќе се одр`и и во Јурумлери по архитектонско-урбанистички проект за КП 685/10 и 685/15, КО Јурумлери со намена домување во станбени куќи кој ќе биде изложен во просториите на Месната заедница ″Колонија″, oпштина Гази Баба. 


Јавната презентација на Архитектонско-урбанистички проект со намена домување во станбени куќи ќе се одржи на ден на 22.10.2018 понеделник со почеток во 12.00 часот во просториите на Месната заедница "Колонија", oпштина Гази Баба-Скопје. 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.