Започна втората фаза од градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба

Градот Скопје започна со втората фаза од градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба, улица надлежност на Градот која не била реконструирана повеќе децении и која е во катастрофална состојба. Улицата „808“ е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона.

– Во првата фаза на оваа локација се извршија подготвителни градежни работи и реконструкција на водоводната мрежа и останата хидротехничка опрема, а со цел комплетна обнова на мрежата во овој дел на градот. Се спроведоа и активности за реконструкција на атмосферската канализација, како и замена на нефункционалните сливници со што во иднина се превенираат поплави на овој потег, известува Град Скопје.

Реконструкцијата во втората фаза се врши на потег од крстосницата со улица 16 Македонска Бригада (кај централната база на Противпожарната бригада) до крстосницата со булеварот Киро Глигоров, а покрај обнова на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни, се додава во соопштението на Град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.