Без вода дел од скопска Гази Баба

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиена информација од ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје, известува дека денеска дел од општина Гази Баба одреден временски период ќе биде без вода за пиење.

„Поради отстранување дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 250 мм на ул. Перо Наков бб (во близина на МЗТ), 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ, (Општина Гази Баба)“, се истакнува во информацијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.