Стефковски: Пристигнати се дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на Oпштина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека повторно има дојави за бомби во пет училишта во Гази Баба.

Во објавата Стефковски пишува дека „пред 10 минути во општинските основни училишта 25 Мај, Дане Крапчев, Григор Прличев, Кирил и Методиј и Крсте Мисирков се пристигнати дојави за поставени бомби“.

„Спроведени се сите безбедносни протоколи, направена е евакуација и сите дечиња се на безбедно“, додава во напишаното.

Информира дека е пријавено во надлежните институции и се очекува да се проверат дојавите.

„Сакам да изразам најостра осуда кон испраќачите на овие дојави и барам од институциите час поскоро преку превземање на сите мерки кои им стојат на располагање да стават крај на ваквите појави“, напиша Стефковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.