Дел од Општина Центар утре без вода

Корисниците од улиците „Хусеин Бајрам", „170" и „171" и Филозовскиот факултет утре од 8:30 часот ќе останат без вода за пиење поради изведување водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков" бр. 9 во Општина Центар.

 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација" Скопје не завршат со изведбата на приклучокот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.