Саша Богдановиќ ја презеде градоначалничката функција во Општина Центар

Општина Центар

Новиот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ, кој го доби мандатот во првиот изборен круг, денеска ја презеде градоначалничката функција од десегашниот градоначалник Андреј Жерновски.

 

Официјалното примопредавање на функцијата и средбата помеѓу Богдановиќ и Жерновски се одржа во кабинетот на градоначалникот во Општина Центар, додека пак пред средба Општинската изборна комисија му во врачи уверението за избор на градоначалник на Саша Богдановиќ. 

 

Новиот градоначалник Богдановиќ истакна дека ќе продолжи со реализација на успешни проекти во Општина Центар и ќе разменува искуства, а првата работа со која ќе се зафати е ревизија на проектот ,,Скопје 2014,,. Андреј Жерновски пак истакна дека тој кога ја преземал градоначалничката функција никој не го пречекал, и потенцираше дека ќе биде отворен за соработка и совети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.