Општина Центар со хуманитарна помош за најранливите во пресрет на божиќните празници
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 04 Јануари 2024
Општина Центар во соработка со невладината организација Банка за храна им додели пакети со прехранбени производи на четириесетина социјално загрозени семејства во Маџир Маало и Крњево. Градоначалникот Герасимовски им посака на своите сограѓани убави празници и порача дека Општината ќе продолжи да се грижи и да помага каде што е најпотребно.
„Се надевам дека оваа помош е добредојдена, особено во пресрет на божиќните празници. Центар е општина што се залага за политиката ‘нула глад во општина Центар’. Во фокус на нашите социјални проекти и оваа година останува борбата против сиромаштијата, создавањето еднакви услови за сите, поддршка за најранливите категории граѓаните. Како локална самоуправа, најблиску сме до нашите жители. Ги знаеме нивните потреби и подготвени сме соодветно да одговориме на нив. Ви посакувам убав Бадник и Божиќ, хармонија и мир во вашите семејства“, посочи Герасимовски во разговор со граѓаните.
Воедно, градоначалникот упати повик до сите лица и семејства во социјален ризик да аплицираат и да се пријавуваат за да станат корисници на општинските проекти и програми за социјална помош и заштита.
Во рамките на соработката на Центар и Банката за храна редовно се доделуваат пакети за социјални случаи, згрижувачки семејства и пензионери со ниски примања на територијата на општината.
Во периодот од 2021 до 2023 доделени се повеќе од 3.000 хуманитарни пакети за најранливите семејства и воени ветерани во општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс