Отворена реновираната спортска сала во “ООУ Живко Брајковски”
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 16 Февруари 2022
Денеска ја отворивме новата реновирана спортска училишна сала во “ООУ Живко Брајковски”, изјави на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Комплетно заменет е подот во спортската сала и овозможени се квалитетни услови за сите училишни спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование.
Покрај салата реконструирани се и санитарните јазли и подот во истите простории.
Салата беше реновирана откакао Општина Бутел го изработи проектот и аплицираше на јавниот повик на МОН.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс