Општина Бутел формира мобилен тим

Општина Бутел во однос на мерки за заштита и превенција од ковид-19 формираше мобилен тим кој ќе врши достава на лекови и намирници за возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести за жители на територија на Општина Бутел.

 

Секој граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на потребните лекарства, прехрамбени производи и средстава за хигиена, со цел да не се изложи на дополнителна опасност од инфицирање ќе може да се јави на 075/249-314 од 08:30 до 16:30 часот, вклучително и викенди.

 

„Нашиот мобилен тим, ќе ги почитува сите мерки на претпазливост, и ќе допре до секој дом каде што е неопходна поддршка за обезбедување на основните намирници. Ова е време во кое треба да бидеме одговорни и да останеме дома”, велат од општината.

 

Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.

Останете дома - спасете го човечкиот живот!

МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.