,,Априлијада 2019” во Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 01 Април 2019
Општина Бутел го одбележа денот на шегата. Во одбележувањето учество земаа учениците од седумте основни училишта, како и најмладите од детската градинка ,,11 Октомври”.
Во рамки на манифестацијата се одржа ревија на маски во која учествуваа децата а ги покажаа нивните групни и поединечни маски кои беа нивните замислени ликови. На првоаприлската ревија на маски присуствуваше и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски кој истакна дека секогаш ги поддржува ваквите манифестации затоа што го разубавуваат животот и ги прави децата да се чуствуваат среќни.
На првоаприлската манифестација можеа да се видат најразлични маски, принцези, зајачиња, индијанци, кловнови, мачиња, каубојци, бетмени, пеперутки, мали невести секој со неговата креативност и мораме да признаеме дека сите беа убави. Децата денот на шегата го искористија барем еден ден да станат еден омилен лик од приказните и цртаните филмови.
Оваа првоаприлска ревија имаше натпреварувачки карактер, сите маскирани учесници добија пофалници, а најуспешните групни и поединечни маски беа наградени.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс