Прва детска олимпијада вo Бутел

По повод „Неделата на детето“, во спортскиот балон до ЈУ Детска градинка „11 Октомври“ и ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје Север денеска се одржa Детска олимпијада за децата од сите шест клонови на градинката.

 

Олимпијадата на која учествуваа повеќе од 200 деца се одржува и во пресрет на нејзиниот патрон празник „11 Октомври“.

 

Како што информираше директорката на градинката Луција Кировска Стефановска, детската олимпијада се одржува под мотото Да победи највеселиот. Децата се натпреваруваа во шест екипни спортски игри, соодветни на нивната воздраст, а за најдобрите беа обезбедени златни медаљи.

 

Покровител на манифестацијата е градоначалникот Велимир Смилевски, кој и самиот бил згрижен во оваа детска градинка, во неговото најрано детство. Смилевски потенцираше дека ќе бидат истрајни во намерата детската олиппијада да ја прошират и на Градско ниво.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.