Над 200 деца ќе учествуваат на Детската олимпијада во Бутел

Утре во спортскиот балон до ЈУ Детска градинка ,,11 Октомври,, и ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, во Скопје Север, ќе се одржи ,,Детска Олимпијада,, за дечињата од градинката.

 

Овие детски спортски игри ќе се оджат по повод ,,Неделата на детето,, но и во пресрет на патрониот празник на градинката ,,11 Октомври,,.

 

Од Општина Бутел информираат дека на спортската олимпијада учество ќе земат над 200 дечиња од сите 6 објекти  на градинката ,,11 Октомври,,. Дечињата ќе се натпреваруваат во шест екипни спортски игри, а за најдобрите ќе има и златни медаљи. Децата ќе имаат подршка од повеќе млади спортисти кои биле згрижени и растени во градинката ,,11 Октомври,, како што се Ана Јаневска – младинска рекордерка на Мекедонија во пливање, Кристијан Гурмишевиќ – македонски младински ракометен репрезентативец и др.

 

Од Бутел додаваат дека покровител на оваа манифестација е градоначалникот Велимир Смилевски кој ќе ги поздрави дечињата, ќе им посака добри резултати, секогаш да го сакаат спортот и да ги следат успесите на присутните младински спортски репрезентативци, кои се веќе гордост на Општина Бутел.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.